недела, 20 октомври 2024

Мерита Мустафаи, човек од доверба на Артан Груби, е новата директорка на ЕСМ Продажба

Објавено на

часот

Сподели

МКД.мк претходно пишуваше дека Мустафаи гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата, која патем не е пријавена во Државната комисија за спречување на корупцијата. МКД.мк исто така пишуваше и за поврзаноста на Мустафаи со акредитацијата на фирмата за баждарење пумпи Метролаб блиска до Груби.

Хациендата Мустафаи ја градела во 2020 година, а во 2021 била завршена. Во тоа време Мустафаи беше директорка на Бирото за метрологија, истото биро кое на фирмата Метролаб ѝ дадe акредитација за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво. Токму оваа фирма е основана од шалтерски работник кој работел во фирма на братот на Артан Груби.

Освен што произведува и продава струја, ЕСМ продажба од оваа година учествува и во берзанското тргување со електрична енергија на домашната платформа на МЕМО. ЕСМ продажба купува струја и од надворешни снабдувачи за потребите на ЕВН кога производството е недоволно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ