Амбасадорот вечерва, на настан во Европска куќа, во организација на Европското движење, ги презентираше приориетите на белгиското претседателство со ЕУ. Тој го спомена и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, посочи, треба да се финализираат сите финансиски прописи, кои треба да бидат воведени за да тој побрзо се имплементира.
„Потоа ќе работиме на постепена интеграција, а тоа значи, на кој начин секоја земја ќе учествува во процесите на Европската Унија, додека се подготвува да стане полноправна членка. Интенцијата на Белгија за секоја земја, е да може да присуствува на Советот за општи работи што ќе се одржи во април, додека иницијативата на Комисијата е земјите-кандидати да се вклучат во Извештајот за владеењето на правото, а исто така да имаат улога во сите размислувања за иднината на Европа. Ова е наша стратешка визија, и таа стратешка визија треба да се претвори во стратешка агенда, нагласи Мерис.
Aмбасадорот ги повтори шестте приоритети во претседавањето.
„Одбраната на единството и демократијата е многу е важно за сржта на ЕУ. Во практична смисла тоа е механизмот на владеење на правото кон кој секоја земја-членка е посветена. Од амбасадорот Гир разбрав дека ЕУ добива заложби и од Северна Македонија и тоа го оценува во своите извештаи за напредокот. Белгија тоа го сфаќа сериозно. Исто така треба да го имплементира акцискиот план за европска демократија кој неодмна беше ревидиран од страна на ЕК.
За Северна Македонија исто така е важно владеењето на правото и демократијата.- Исто така се важни за процесот на проширување, а се разбира Белгија верува во целта на проширувањето, исто така веруваме дека тоа е процес заснован на заслуги и затоа го имаме фундаменталниот кластер за владеење на правото и демократијата и тоа го сфаќаме сериозно“, рече амбасадорот.
Мерис кажа дека белгиското претседавање се случува во комплексен геополитички контекст, во смисла на продолжената руска агресија врз Украина, ситуацијата во Газа, претходно пандемијата, време кога дезинформациите се многу моќни, енергетска криза, како и, нагласи, многу драматични климатски случувања.