„Се разбира, знам дека ова беше отстапување од она што го понудив на остатокот од коалицијата набргу откако таа се распадна“, рече Мерц на изборниот митинг во Потсдам.
Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар на таа партија и нејзината сестринска групација од Баварија, Христијанско-социјалната унија, им вети на социјалдемократите (СПД) и на Зелените дека одлуките ќе ги носи само со нив за да не формира мнозинство со АфД, партија со која никој не сака да соработува поради нејзиниот наводен екстремизам.
СПД и Зелените се единствените две партии што останаа во германската влада откако либералите во ноември се повлекоа од неа, со што се распадна таканаречената семафор коалиција. И покрај тоа што вети дека нема да соработува со АфД, Мерц го стори токму тоа кога минатата година донесе мерка за заострување на миграцијата со гласовите од својата партија и од Алтернатива за Германија.
Мерц ја бранеше одлуката осврнувајќи се на двата неодамнешни смртоносни напади во Германија извршени од мажи со имигрантско потекло. „Но, тогаш се случија Магдебург и Ашафенбург“, рече тој. Во декември, Саудиец влета со автомобил на божиќен саем во Магдебург, при што уби шест лица, а повреди речиси 300. Во Ашафенбург, Авганистанец е главниот осомничен за напад со нож во кој загинаа две лица.
Мерц, меѓутоа, тврди дека ако стане нов канцелар по изборите на 23 февруари, нема да соработува со АфД. „Нема да има соработка со АфД ниту со нас ниту со мене“, тврди тој.