петок, 1 ноември 2024

Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка

Објавено на

часот

Сподели

Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители.

Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“.

Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната.

Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва.

Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ