среда, 23 октомври 2024

Мегапожар беснее низ Калифорнија, уапсен 42-годишен маж (ВИДЕО)

Пожарникарите продолжуваат да се борат со огромниот шумски пожар што беснее во северна Калифорнија, при што условите стануваат сè потешки бидејќи ветровите се засилуваат и температурите се зголемуваат, соопштија властите. Мегапожарот што избувна недалеку од градот Чико изгоре повеќе од 144.500 хектари земја, беше соопштено вчера попладне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на пожарникарите Били Си истакнува дека ова е седми најразорен пожар во историјата на таа американска сојузна држава на западниот брег. Во саботата, благодарение на послабите ветрови и ниските температури, пожарникарите ставија под контрола 12 отсто од мегапожарот, но условите се влошија еден ден подоцна.

Пожарот досега принуди евакуација на 4.200 луѓе од округот Бjут и продолжува да гори во планинската област на околу 145 километри од Сакраменто. Околу 4.000 луѓе со помош на канадери и булдожери, се вклучени во гаснењето на пожарот кој уништи или оштети 67 куќи. Засега нема извештаи за жртви.

Чико се наоѓа на 25 километри од Парадајс, град кој во 2018 година беше опустошен од најсмртоносниот пожар некогаш регистриран во Калифорнија, кога животот го загубија 85 луѓе. Во четвртокот полицијата уапси 42-годишен маж осомничен дека го подметнал пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ