недела, 20 октомври 2024

Медведев се врати од два сета негатива, го победи Зверев и се пласира во финалето на АО

Данил Медведев е противникот на Јаник Синер во финалето на Австралија опен откако рускиот тенисер се врати од два сета негатива и го победи Александер Зверев со 3-2 (5-7, 3-6, 7-6, 7-6 и 6-3).

Објавено на

часот

Сподели

Данил Медведев третпат во кариерата ќе игра финале на Австралија опен и ќе се обиде првпат да го крене пехарот од овој грен-слем турнир.

Александар Зверев имаше фантастичен почеток на мечот, ги доби првите сетови со 7-5 и 6-3. Во тие моменти сѐ беше на негова страна, но работите потоа се променија.

Медведев го крена нивото, но одлично играше и Зверев, во третиот сет се играше тајбрејк кој го доби Русинот со 7-4. Слично беше и во четвртиот сет, двајцата беа перфектни на свој сервис, па и тука решаваше тајбрејкот. Медведев го доби со 7-5 и изедначи на 2-2.

Двата добиени сета го свртеа психолошкиот момент на страната на Медведев, му се крена самодовербата и тоа се покажа како клучно во петтиот решавачки сет. Во него тој зема два брејка и го доби сетот со 6-3.

Во финалето Медведев ќе игра против Синер кој претходно ја извојува својата победа на кариерата откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ