понеделник, 28 октомври 2024

Медиуми: Напаѓачот пукал од покрив, испукал осум куршуми (ВИДЕО)

Еј-би-си њуз наведува, повикувајќи се на свои извори, дека лицето што отворило оган на митингот на Трамп, убивајќи едно лице и ранувајќи две други, пукал од покрив и употребил полуавтоматска пушка.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Вооружениот напаѓач на митингот на Трамп испукал дури осум куршуми од пушка во АР-стил додека седел на покривот до местото на одржување, рекле извори за Еј-би-си. Според нивните извори, во моментот на пукањето убиецот бил оддалечен 200-300 метри.

Извор на Си-ен-ен, пак, наведува дека напаѓачот пукал од покривот на блиската зграда. Зградата се наоѓала во правец на десното рамо на поранешниот претседател за време на митингот, а репортерите на Си-ен-ен забележале големи полициски сили во неа.

Во пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија убиен е еден посетител, како и напаѓачот, а републиканскиот кандидат за претседател на САД се чувствува добро и е префрлен во медицинска установа, од каде што изјави дека му бил пробиен горниот дел од десното уво.

Уште две лица, посетители на собирот, се во тешка состојба. Тајната служба го уби напаѓачот, а нивниот портпарол рече дека напаѓачот испукал неколку истрели и дека пукал од височина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ