„Организатор и домаќин на беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на национални малцинства од десетина држави во и вон Западен Балкан“, објави весникот Илинден.
Конференцијата ја отворил извршниот директор на РЦК Дрон, Ахмед Јашаревски кој се осврна на потребата од поголема застапеност на теми за состојбата на Ромите во балканските држави и светот, но и за положбата на сите малцинства низ светот. Поздравно обраќање имал и претседателот на ФУЕН, Ларант Винце, кој воедно е и член на Европскиот Парламент. Во неговиот говор, исто така, беше апострофирана улогата на малцинствата во секоја од државите не само на Балканот, туку и во европски и светски рамки. При тоа, се осврна и на потребата од едукација кај малцинствата, како на мајчин, така и на јазикот на државата во која живеат, наведува весникот.
Било потенцирано дека како идни носители на општествени дејности во државата малцинските членови треба да ја поседуваат основната алатка со која ќе бидат корисни во општеството, а тоа е јазикот за комуникација на сите граѓани на ниво на држава, но и да го негуваат својот мајчин јазик како начин за пренесување на вредностите на своето малцинство.
На отворањето на конференцијата свое обраќање имаше и министерот без ресор, Шабан Салиу задолжен за имплементација на стратегијата за ромската инклузија 2022-2030.
Во натамошниот дел беше одржана првата панел сесија на тема „Сегашната состојба на малцинствата од Западен Балкан“, додека втората панел сесија се однесуваше на „Адресирање на говорот на омраза“, а третата беше за „Малцинското образование и образованието за малцинствата“.
На оваа Конференција, во име на Македонското друштво Илинден од Тирана, беа присутни Проф.д-р Катерина Тодороска и Сабина Џелили, координатор на друштвото за Округот Елбасан.