среда, 23 октомври 2024

МД Илинден ќе учествува на конгресот за правата на европските малцинства

Македонското друштво (МД) Илинден од Тирана, Албанија, ќе учествува на конгресот на Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) што ќе се одржи од 19 до 22 септември во Хусум, Германија.

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатите девет години, од кога сме рамноправна членка на ФУЕН редовно учествува на сите конгреси и други активности. Ќе учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин ќе биде организацијата  на Севернофризите“, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото Илинден.

Според него, ФУЕН годинава одбележува 75 години постоење, и понатаму „останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа”.

„Значи, оваа прослава, како што е нашата заедничка констатација, нека биде не само за она што го ФУЕН го постигна за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа, и да ја искористиме истрајноста на Севернофризите како инспирација за тоа“, посочи Ѓурѓај.

Македонско друштво Илинден од Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и дел од работната група на словенските малцинства при унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ