Килијан Мбапе уште минатото лето реши дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, ова не му се допадна на Насер Ал Келаифи и неговите соработници, па во еден период, напаѓачот беше надвор од тимот.
Двајцата сепак потоа пронајдоа компромис (се шпекулираше дека Килијан Мбапе се откажал од бонуси вредни околу 80 милиони евра), па Французинот се врати во составот.
Сега откако официјално е потврден неговиот трансфер во Реал Мадрид, Килијан Мбапе реши да си ја отвори душата.
„Не бев несреќен, тоа ќе беше шлаканица во лице за луѓето кои ме бранеа. Но одредени работи ме правеа несреќен. Се обидов да бидам позитивен колку што можев. Тренерот, соиграчите и сите вработени во клубот ме поддржуваа, па немаше да биде фер кон нив доколку се жалев, плачев и велев дека не сум среќен. Но да, одредени луѓе ме правеа несреќен“ – вели Килијан Мбапе.
„Ми дадоа јасно до знаење дека нема да играм цела сезона, ми го кажаа тоа во лице, и тоа насилно“.
„Луис Енрике и Луис Кампос ме спасија, без нив немаше ниту да стапнам на теренот“.
Тој потоа додаде: „Секако дека ми падна камен од срце. Ќе пристигнам во Реал Мадрид со многу скромност“.
„Среќен сум што ќе бидам во клуб каде што сакам да бидам, клубот од соништата и тоа најмалку петгодини. Возбуден сум што ќе играм во навистина голем клуб, најдобриот во светот. Сакам да му за заблагодарам на Реал Мадрид, сакам да му се заблагодарам на Флорентино Перез што секогаш веруваше во мене“.