сабота, 19 октомври 2024
По спроведена претходна постапка на ОЈО

Мажот кој тепаше жена, ја влечеше за коса и ја гризеше доби обвинение и продолжен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата Пушкинова и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.

Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ