петок, 18 октомври 2024

Матео Ковачиќ е нов фудбалер на Манчестер Сити

Објавено на

часот

Сподели

За сума од 25 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси, Манчестер Сити го купи Матео Ковачиќ од Челси.

„Манчестер Сити го комплетираше потпишувањето со Матео Ковачиќ од Челси на четиригодишен договор“, стои во клупското соопштение.

Ковачиќ ќе го носи дресот со бројот осум.

„Ова е фантастичен трансфер за мене, не можам да дочекам да почнам во Сити. Сите кои го гледале тимот под водство на Пеп знаат колку се добри, за мене тие се најдобрите во светот. Да се игра за овој состав е сон на секој фудбалер“, рече Ковачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ