сабота, 26 октомври 2024

Масовно пукање во концертна сала во Москва, десетина мртви, 80 ранети (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На снимките од концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва што се објавуваат на социјалните мрежи се гледаат мртви и ранети како лежат на подот.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево се случи пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва. Според првичните неофицијални податоци, има загинати. Инцидентот се случил пред почетокот на концертот на групата Пикник. Зградата на „Крокус сити хол“ е во пламен, а над неа се извиваат облаци од црн чад.

Неофицијално, најмалку три вооружени лица во маскирна облека влегле во концертната сала и почнале да пукаат.

Според руските медиуми, напаѓачите користеле и експлозиви.

Очевидци на социјалните мрежи велат дека има голем број жртви.

Според локалните медиуми, најмалку 10 се мртви, а 80 лица се повредени.

Неофицијално, од пожарот што е предизвикан по пукањето почнал да се урива покривот на концертната сала.

На видеата од масовното пукање може да се забележат мртви и ранети како лежат на подот.

Вознемирувачки видеа:

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ