Летовите се прекинати на аеродромот во Сиднеј, Берлин, Јунајтед ерлајнс престана да лета, и платформата на групацијата на Лондонската берза се соочува со прекини.
Во Шпанија е пријавен „инцидент“ на сите аеродроми во земјата.
Компанијата Мајкрософт објави дека презема „ублажувачки дејствија“ по проблемот со услугата, пренесува Би-би-си.
Од компанијата наведуваат дека ги истражуваат проблемите со услугите.
Глобалните проблеми со интернетот, исто така, предизвикаа пад на британскиот здравствен систем за закажување.