среда, 23 октомври 2024

Масовни oдрони во Индија, најмалку 23 загинати, 70 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени при лизгање на земјиште во ридската јужна индиска држава Керала, соопштија властите, додавајќи дека спасувачките операции се отежнати поради уривањето на главниот мост во областа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дури 23 лица ги загубија животите, а над 70 се повредени. Многу луѓе најверојатно завршија во надојдената река Чалијар“, изјави министерката за здравство на таа индиска држава Веена Џорџ, чии зборови ги пренесува Индијан експрес.

Министерот за шумарство во Керала, А.К Сасеендран, ја опиша ситуацијата како „сериозна“ и предупреди дека во текот на денот се очекуваат нови врнежи во областа Вајанад, каде што се пријавени неколку одрони.

На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја откорнати од земја и калливи порои и бројни уништени куќи. Армијата беше ангажирана во поставувањето на привремен, понтонски мост кој повторно ќе ја поврзе погодената област со најблискиот град Чооралмал.

Погодената област Керала е позната по поседите за одгледување чај и кардамон. Се стравува дека многу работници кои работеле на овие имоти и кои живееле во импровизирани шатори загинале. Керала често е погодена од обилни дождови и поплави, а во 2018 година, 400 луѓе ги загубија животите во една од најлошите поплави некогаш регистрирани во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ