недела, 20 октомври 2024

Маск се извини за антисемитската објава, но на огласувачите им порача: Е*ете се! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Но, како што пренесува Си-ен-ен, во исто време тој ги нападна огласувачите кои ја напуштија неговата мрежа поради порастот на антисемитизмот.

„Не сакам да се рекламираат“, рече тој на самитот на Њујорк Тајмс.

„Ако некој има намера да ме уценува со реклами или пари, нека се е*е. Е*ете се. Дали е доволно јасно? Еј Боб, ако си во публика, така јас се чувствувам“, рече тој, барајќи го во публиката извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер, кој претходно беше гостин на самитот.

Маск го кажа ова додека извршната директорка на Икс Линда Јакарино седеше во публиката. Таа беше донесена во компанијата за да ги придобие повторно големите огласувачи на поранешниот Твитер.

„Кога станува збор за оваа платформа Икс исто така беше исклучително јасен за нашите напори во борбата против антисемитизмот и дискриминацијата. Нема место за тоа никаде во светот – тоа е грдо и погрешно. Точка“, коментираше таа откако огласувачите почнаа да се повлекуваат од Твитер.

Во разговорот кој траеше повеќе од еден час, Маск исто така рече дека нема проблем со тоа да го мразат. „Голема слабост е кога луѓето сакаат да им се допаднат на сите“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ