понеделник, 28 октомври 2024

Мароканскиот крал испрати порака до Трамп по обидот за атентат

Кралот Мохамед VI му испрати порака на Доналд Трамп, во која тој изрази солидарност по атентатoт врз него во саботата за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа порака, кралот рече дека е шокиран и тажен од ужасниот обид за атентат на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. Мохамед VI ја изрази својата солидарност по овој грозоморен напад. Во оваа порака кралот остро го осуди политичкото насилство и му посака на Трамп брзо закрепнување за да продолжи да ѝ служи на големата американска нација, „моите мисли и молитви се со вас, господине претседателе, со Вашето семејство и со невините жртви на овој жален чин“, се заклучува во пораката.

За време на предизборниот митинг во Батлер, додека Трамп ѝ се обраќаше на толпата ненадејно одекнаа истрели, при што Трамп доби повреда на десното уво и неговото лице беше покриено во крв.

И покрај нападот, Трамп пркосно гестикулираше „Борете се! Борете се! Борете се!“ пред присутните на митингот, додека агентите на Тајната служба го придружуваа на безбедно.

Неговата кампања подоцна објави дека освен раната на увото, Трамп е во добра здравствена состојба без поголеми повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ