вторник, 22 октомври 2024

Марковски компани и со новото раководство на ЕСМ доби тендер за РЕК Битола

И новото раководство на државната компанија АД Електрани на Северна Македонија склучи договор со Марковски компани, вреден над 1 милион евра за тековни машински интервенции во РЕК Битола за наредни 12 месеци. Договорот е склучен на 10 октомври, а е вреден 64.900.000 денари или 1.055.285 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Марковски компани од Битола често беше мета на сомневањата на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот кога оваа партија беше во опозиција,  за сомнителни и коруптивни зделки со тогашното раководство на ЕСМ.

Според новиот договор, РЕК Битола ма Марковски компани ќе ѝ плаќа по 582 денари од работен час за браварите што ќе ги ангажира, и по 614 денари од час за заварувачите.

Марковски компани е фирмата која со години ги добива тенедерите за ископ на јаглен и јаловина на РЕК Битола и досега вредноста на тие договори надмина и повеќе од стотици милиони евра. За дел од овие тендери како подизведувачи биле ангажирани струмички фирми кои се поврзуваат со името на поранешниот премиер Зоран Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ