вторник, 22 октомври 2024

Маркиците во ДУП за Лисиче да се избришат исто како претходните, бара Левица

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите сомнежи се дека градоначалникот Муцунски сака по секоја цена да го помине ДУП-от во населба Лисиче, за да може да ја исплати скапата обврзница со која ја задолжи општината. Односно, власта на ДПМНЕ во Аеродром планира обврзницата да ја враќа со тоа што ќе го влоши животниот стандард и животната околина на жителите на населба Лисиче. Јавно го повикуваме Муцунски, како што се избришаа четирите маркици претходно, да се избришат и сите овие згради што планираат да се градат во оваа населба. Токму ДПМНЕ во опозиција во 2019 година беше против овие ДУП-ови, за сега власта на Муцунски истите да ги реализира! Потсетуваме дека фирма блиска до ДПМНЕ купила нива на оваа локација, за кратко време после тоа, со контроверзниот ДУП да се впише маркица за 12-катница. Се работи за фирма која својот инвестициски бум го реализира за време на градоначалникот Ивица Коневски“, велат од Левица.

Од партијата тврдат дека нема да дозволат „повторно да биде загрозен интересот на жителите на Аеродром заради тесната врска на локалната власт со градежните моќници. Оттаму го потсетуваат Муцунски дека „политичката кариера на секој градоначалник во Аеродром завршила токму поради ваквите бизнис-зделки со градежната мафија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ