понеделник, 28 октомври 2024

Маричиќ: Инклузијата на Ромите во сите сегменти е многу важно за општеството

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Елвис Мемети, советник на премиерот и Снежана Мирчевска Дамјановска, национален технички советник и Драган Ристовски, проектен координатор од УНДП, претставници од УНДП.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата беа истакнати заложбите на Владата за застапување на ромската заедница и правата на ромите во Македонија. Беше истакната важноста за Планот за раст кој ги наведува мерките за забрзана интеграција на регионот. Мерките се важни иницијативи за вклучување на земјата во единствена европска платежна област, зајакнување на Зелените линии/Царинската соработка, пристап до интернет за најмногу 500 општини преку WiFi4WB и вклучување на национални иновативни дигитални центри во Европската дигитална хаб-мрежа“, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

На средбата се зборувало за иницијативата за самовработување на Ромите што останува предмет на внимание. Присутните се согласиле дека инклузијата на Ромите во економијата е важен дел од амбицијата на оваа Влада за вклучување во општеството и регионот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ