вторник, 22 октомври 2024
Владини челници за уставните измени

Маричиќ стравува дека уставни измени нема да се донесат, Спасовски вели дека се разговара со секој пратеник

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, отворени сме за предлози како да се надмине проблемот во интерес на евроинтеграцискиот процес, од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека треба да се бараат и нови гаранци дека за земјава нема да има нови условувања ако уставните измени поминат, дури и за тоа сме подготвени да се разговара, иако, всушност имаме гаранции дека нема да има нови барања кои ќе го условат нашето членство, рече Маричиќ за време на промоцијата на кампањата „И ние сме Европа“ и нагласи дека целта на Владата е секако, гласањето на уставните измени да помине со поддршка на целата опозиција.

„Се сомневам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени, а ако е така, тогаш сметам дека е неопходно ќе биде да се искристализираат две политички опции на оние кои се за членство во ЕУ и на оние кои се против“, рече Маричиќ.

д

Маричиќ рече дека всушност постојат два начини како да се дојде до уставни измени: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи да даде поддршка под одредени услови за кои разговараа на лидерска средба премиерот Димитар Ковачевски и Мицкоски, а вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат, како што се сличи пред пет години.

„Јас не гледам трет начин, можеби постои, но тие се двете опции“, додаде вицепремиерот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се разговара со сите пратеници со цел уставните измени да бидат донесени.

„Изолацијата на државата, посебно изолација која што доаѓа од внатре е неприфатлива. Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните. Мислам дека никој нема право да ја држи во заложништво перспективата на македонските граѓани“, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.  

д

Тој посочи дека и во наредниот период ќе продолжат низ дијалог, низ политичка активност да бараат начин за да бидат донесени уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи евроинтеграцискиот процес.

„Посакувам час поскоро да ги завршиме сите овие активности и Република Северна Македонија да продолжи напред на патот кон европските интеграции заради тоа што ако застанеме на овој пат, многу години чекање како што се чекаше досега има негативен ефект исклучиво врз граѓаните и врз државата, а не врз политичарите, рече Спасовски.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ