петок, 25 октомври 2024

Маричиќ: Манифестот е начин партиите да докажат дека имаат иста цел за иднината на државата

Објавено на

часот

Сподели

„Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество“, пишува вицепремиерот на Фејсбук.

Според Маричиќ, овој момент е историски за евроинтеграцијата на Македонија и смета дека процесите добиваат на успех и вредност ако ги валоризираме во вистинско време.

„Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси“, вели Маричиќ.

Во објавата Маричиќ наведува дека Манифестот не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за националната решителност да се изгради подобра, обединета и светла иднина за Македонија.

Сега е најважно, како што вели, сите да застанат на иста страна  и со посветеност и единство да продолжат преговорите со ЕУ, оставајќи ги настрана политичките разлики да демонстрираат искрена намера за членство во ЕУ.

„Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија“, порачува Маричиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ