Ако Сити стигне до крајот на Светското клупско првенство ќе има многу краток одмор за наредната сезона и минимално време за подготовки.
Од таа причина од клубот побарале да им ги одложат првите два меча, но одговорот бил негативен.
Ова го потврди и Пеп Гвардиола кој додаде и иронија во изјавата.
„Премиерлигата не ни дозволи да ги одложиме првите два меча за сезоната 2025/26 за да можеме да се опоравиме. Им благодариме многу“, рече Пеп Гвардиола.