Следната недела ќе започне судски процес кој може да креира сериозни последици во најсилното првенство на Англија, Манчестер Сити ја тужи Премиерлигата.
„Граѓаните“ ги оспоруваат правилата кои беа донесени по превземањето на Њукасл од страна на конзорциум предводен од Саудиска Арабија.
Тогаш беше решено дека сите спонзорски договори, кои се директно или индиректно поврзани со сопственикот на клубот, мора да им биде направена независна проценка и да се утврди дали имаат фер пазарна вредност.
Идејата е да се спречи со „напумпани“ суми да се полнат буџетите на клубовите и со тоа да се има повеќе пари за трошење на засилувања и плати.
Манчестер Сити сега го оспорува ова правило, вели дека тоа не било во склоп со законите и смета дека им е нанесена сериозна штета. „Граѓаните“ исто така се жалат дека биле дискриминирани, односно Премиерлигата намерно носела правила со кои во подредена улога се ставале клубовите со сопсвеници од Заливот.
Од исходот на оваа тужба многу ќе зависи и постапката на Премиерлигата против Манчестер Сити и обвинувањата дека „граѓаните“ дури 115 пати ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј.