среда, 11 декември 2024

Еден од најголемите проекти на ОБСЕ во Македонија е спречување криумчарење оружје и мигранти

На денешната конференција организирана од ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи, посветена на соработката меѓу полицијата и царината за трговија со оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, нагласи дека  за жал, Југоисточна Европа останува фокална точка за незаконско тргување со оружје и криумчарење мигранти.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите се свесни за озогласената балканска рута. Согласно глобалниот индекс за организиран криминал од 2023 година, трговијата со оружје во овој регион е на повисоко ниво отколку во Европа. Во овој регион се криумчарат нелегални оружја и мигранти кон Европа и затоа, во овој контекст, потребно е итно спречување на малото и лесно оружје,  посочи шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Амбасадорот Вал истакна дека ова е еден од најголемите проекти на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, вреден повеќе од осум милиони евра, а целта е подобрување на механизмите за размена на информации во реално време и подигнување на јавната свест за ризиците од ваквите активности.

„ Покрај сите овие активности, пролиферацијата на ова мало и лесно оружје сѐ уште е на високо ниво и бара регионална акција, затоа сѐ повеќе работиме на негово намалување. Овој предизвик бара соработка во една иницијатива која што се спроведува низ целиот регион, а ги обединува полициските и царинските администрации, како и функционерите за спроведување на законите, со цел да можеме да ги спроведиме нашите цели. Нашите цели се подобрување на нашата рамка за соработка за одговор на недозволената трговија со мало и лесно оружје, јакнење на безбедносната инфраструктура, како и да ги испитаме сите начини на коишто можеме да ја продлобочиме нашата соработка за да можеме да ги разменуваме информациите во реално време“, рече Вал.

На конференцијата присуствуваа и министрите за внатрешни работи и финансии, Панче Тошковски и Гордана Димитриеска – Кочоска, кои исто така ја нагласија потребата од меѓународна соработка. Борбата против организираниот и транснационалниот криминал, според министерот Тошковски, бара максимално вложување напори и ресурси, особено во делот на прекуграничната полициско-царинска соработка, за која рече дека е клучен фактор за ефикасно справување со ваквите закани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ