четврток, 24 октомври 2024

Малолетник и 33-годишна жена загинале во сообраќајна несреќа на патот Крушево – Кривогаштани

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во денешниот билтен, загинале еден малолетник и 33-годишната Џ.С. од прилепското село Канатларци.  Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село Канатларци, кое излетало надвор од коловозот.

По несреќата, повредените Џ.С. и малолетниот сопатник биле пренесени во Општата болница Прилеп. Жената им подлегнала на повредите во прилепската  болница, а малолетниот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но починал при транспортот, а смртта ја констатирал лекар.

Возачот С.С. и уште двајца малолетни сопатници во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ