понеделник, 4 ноември 2024

Малолетниците во Кина ќе смеат да користат мобилни телефони најмногу два часа дневно

Објавено на

часот

Сподели

Според предложените правила, корисниците на возраст од 16 до 18 години би можеле да поминуваат два часа дневно на мобилни телефони, децата од осум до 16 години би добивале еден час, додека децата до осум години би имале само осум минути.

Кинеските власти сѐ повеќе се загрижени за стапката на кратковидост и зависност од интернет кај младите луѓе и ја нагласува желбата на Пекинг да врши поголема контрола врз дигиталниот живот во Кина.

Доколку се усвојат нацрт-правилата на Кинеската управа за сајбер простор (CAC), тоа би можело да има импликации за компаниите што управуваат со некои од најголемите мобилни апликации во Кина, како што е сопственикот на Тикток, Бајтденс. CAC вели дека давателите на услуги ќе мора да постават временски ограничувања според предложените реформи, но на родителите ќе им биде дозволено да ги отфрлат временските ограничувања за своите деца.

Кинеските власти претходно изјавија дека ќе го поддржат развојот на технолошките гиганти, но аналитичарите велат дека секојдневните ограничувања за користење на мобилни телефони ќе создадат главоболки за интернет-компаниите. „Потребни се многу напор и дополнителни трошоци за правилно спроведување на овие нови регулаторни барања“, рече адвокатот Сиа Хаилонг.

„И ризикот од непочитување на правилата исто така ќе биде многу висок. Затоа, верувам дека многу интернет-компании може да размислат за целосна забрана на малолетниците да ги користат нивните услуги“, додаде тој. Предлогот на регулаторот е продолжение на владиниот полициски час за играчите на онлајн видеоигри на возраст под 18 години, кој беше воведен уште во 2021 година и им нанесе голем удар на гејмерските гиганти како Тенсент.

Од 2019 година, платформите за споделување видеа како Билибили, Куаишу и Бајтденс нудат „тинејџерски режими“, кои го ограничуваат пристапот на корисниците до содржината и времетраењето на користењето. Апликацијата на Бајтденс Доујин, слична на Тикток, им забранува на тинејџерите да ја користат повеќе од 40 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ