среда, 11 декември 2024

Тошковски: Полицијата ќе проверува 500 функционери за кои има сомневање дека сториле прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден. Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.

„Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејства во неколку постапки, тие се како завршно дејство на претходни предистражни дејствија кои траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме“, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори:„не треба да навлегувам во тој дел“.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ