петок, 13 декември 2024

Големи поплави во Барселона (ВИДЕО)

Дождливото невреме ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде што метеоролошката служба повика на голема претпазливост.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „заврши метеоролошката криза во покраината Валенсија“, каде што продолжува потрагата по исчезнатите.

Но во исто време ги повика жителите на Каталонија, соседна покраина со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.

Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Родалиес де Каталања на својата веб-страница. Возовите што се во сообраќај, сепак, ќе пристигнат на своите дестинации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ