четврток, 24 октомври 2024

Макрон ја прифати оставката на владата

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифати оставката на владата на премиерот Габриел Атал, откако коалицијата на Макрон не освои мнозинство на неодамна одржаните предвремени парламентарни избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Елисејската палата, владата ќе продолжи да се занимава со тековните работи додека не се назначи нова влада, додека Париз е домаќин на Олимписките и Параолимписките игри кои почнуваат за десет дена.

Неколку министри претходно изјавија за Франс прес дека периодот до новата влада би можел „да потрае извесно време, неколку недели“, веројатно барем до крајот на Олимписките игри, на 11 август.

За четврток е најавена седница на новиот состав на парламентот на која ќе се избира нов претседател на тоа тело.

Предлогот за премиер треба да го поднесе левичарската коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу гласови на изборите, но француските медиуми споменуваат несогласувања во тој сојуз околу именувањето на кандидат за премиер.

Парламентот има 577 места, а за апсолутно мнозинство се потребни 289 гласа. Левичарската коалиција Нов народен фронт освои од 190 до 195 пратенички места, што не е доволно за да владее сама. На изборите сојузот на Макрон освои 160 места, а екстремната десница 143 места.

Макрон го распушти парламентот на 9 јуни, откако слабите резултати на неговиот сојуз на изборите за Европскиот парламент ја втурнаа земјата во политичка неизвесност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ