четврток, 28 ноември 2024

Макрон: Доаѓам во Србија за да ги финализирам преговорите за воените договори

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има намера да ја посети Србија „во следните недели или месеци“, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, одбранбени и енергетски прашања“ на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија.

„Воените прашања се дел од нашата агенда. Во следните недели или месеци ќе ја посетам Србија за да ги финализирам тие дискусии кои се предмет на технички, финансиски и политички преговори меѓу нашите земји“, одговори Макрон на прес-конференција, запрашан за коментар за статусот на договорот со Белград за набавка на француски борбени авиони Рафал.

Францускиот претседател ги окарактеризира односите меѓу Париз и Белград како „цврсти, искрени и структурни за двете земји и за целиот регион“, пренесува Политика.

Претседателот Алекснадар Вучиќ во четвртокот го најави доаѓањето на Макрон во Србија на крајот на август или почетокот на септември. Наведувајќи само дека тоа ќе биде „голема и важна посета за нашата земја“, Вучиќ не соопшти повеќе детали за причините за посетата на францускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ