четврток, 25 јули 2024
Дејвис Куп

Македонските тенисери подобри од Малта, дуелот во двојки го реши победникот

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со пресврт го доби мечот од првото коло. Денот почна со дуелот на Обрад Марковски кој со 2-1 во сетови загуби од Алекс Дегабриеле во долг меч кој траеше 2 часа и 46 минути.

Марковски го доби првиот сет со 6-4, Дегабриеле вториот со 6-2. Во третиот решавачки се играше тајбрејк кој му припадна на Малтежанецот со 7-3.

Втор настапи Ивановски кој со 2-0 во сетови го совлада Лиам Деликата. Мечот траеше 1 час и 18 минути, нашиот тенисер победи со 6-2 и 6-4.

За вкупниот победник решаваше дуелот во двојки кој го добија нашите тенисери. За Македонија играа Калин Ивановски и Берк Бугариќ, а за Малта Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата. Победивме со 2-0 во сетови, 6-4 и 6-4.

Утре ќе играме против селекцијата на Молдавија која со 3-0 го совлада Кипар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ