четврток, 28 ноември 2024

Македонските шахисти ја победија Швајцарија, шахистките ремизираа со Тринидад и Тобаго

Во седмото коло од шаховската Олимпијада која се одржува во Будимпешта, македонските шахисти со 2,5 – 1,5 ја совладаа Швајцарија, шахистките одиграа 2-2 со Тринидад и Тобаго.

Објавено на

часот

Сподели

Кај шахистите цели поени освоија Евгениј Романов и Тони Лазов, Емил Ристески ремизираше, додека Антон Златков го загуби мечот.

По седум одиграни кола машката шаховска репрезентација на Македонија е на 25. место. Во осмото коло играме против селекцијата на Полска.

Македонските шахистки ремизираа 2-2 со селекцијата на Тринидад и Тобаго.

Ивана Манова освои цел поен, Моника Жежовска и Леа Ефтовска одиграа реми, додека Сања Трајковска го загуби својот меч.

По седум одиграни кола македонските шахистки се на 84. место на табелата. Во следното коло ќе играат против селекцијата на Јужна Африка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ