Советот на амбасадори со своите сочуства се придружува во болката и тагата со семејствата на настраданите во овој грозоморен чин и останува во мислите и со граѓаните на Руската Федерација кои директно или посредно ги чувствуваат последиците на варварскиот чин што го потресе светот.
Советот останува доследен на своите програмски определби, да се залага и бори, принципите на разум и толеранција, да бидат приоритети без алтернатива во најшироките меѓународни рамки, а, насилството и тероризмот сосема да се искоренат како израз на незадоволство.
Дипломатските постапки и политички решенија за глобалните проблеми, дури и за најакутните, се единствениот вистински одговор против безумните дејствија кои водат до загуби на најдрагоценото-човечки животи, велат од Советот на амбасадори.