среда, 27 ноември 2024

Македонски концепт бара заедничко дејствување со претприемачите за справување со фискалните предизвици

Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно се донесе  балансиран буџет во Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување, се вели во јавното обраќање на партијата Македонски концепт.

Во повикот од партијата до претприемачите од приватниот сектор се вели дека поддржуваат политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Исто така, Од Македонски концепт се залагаат за одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и на делови од црната економија.

„ Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемачите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупцијата и злоупотребите на владините функционери. Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочува со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање“, велат од Македонски концепт.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ