вторник, 22 октомври 2024

Македонски и грчки тимови заедно вежбаа специјални операции во вода

Објавено на

часот

Сподели

Од Генералштабот на грчката национална одбрана соопштија дека заедничката обука е во рамките на нивниот план за меѓународни соработки. Од Грција учествувале тимови за специјални операции со пловни средства, а од Македонија 12 припадници на силите за специјални операции.

л

„Учеството на вооружените сили во конкретната заедничка обука е во рамките на имплементацијата на Програмата за воена соработка за 2023 година меѓу Грција и Република Северна Македонија и имаше за цел зајакнување на борбениот капацитет и оперативната готовност на учесниците“, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана.

м

Обуката се одржала во Центарот за обука на специјалните сили во Неа Перамос во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и во поморското подрачје во истиот дел.

Фото/ Видео: Генералштаб на грчката национална одбрана

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ