вторник, 22 октомври 2024
Најавија премиерот и министерката за одбрана

Македонски дрон ќе се произведе кај Македонски Брод

Објавено на

часот

Сподели

„За многу скоро фабрикта АТС АММО ќе почне со сериско производство на четири вида дронови. Ќе бидат управувани со вештачка интелигенција и ќе имаат висок дострел. Ќе бидат целосно опремени според сите НАТО-стандарди. Тоа ќе бидат првите македонски дронови, целосно произведени во Република Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

Дроновите, како што посочи министерката за одбрана, ќе бидат мултинаменски.

д

„Дроновите ќе бидат со многу намени за воената индустрија и извидничкото разузнавање и ќе имаат намена за индустријата. Ова е големо постигнување“, рече Петровска.

Таа нагласи дека , во моментов 40 македонски фирми  ги исполнуваат НАТО-стандардите за производство и дека станува збор за пазар вреден околу 5 милијарди евра.

Премиерот Ковачевски рече дека оваа фабрика која денес ја посетија цели 42 години опстојува на овие простори со долгогодишна традиција и искуство во производството на сите видови на малокалибарска муниција и нагласи дека успеа со својот квалитет да се пробие во светски рамки.

„АТС АММО е дел од АТС групацијата која е присутна во 56 земји во светот. Сите производи на фабриката се во согласност со стандардите на НАТО. Компанијата се наоѓа и на официјалната НАТО листа на производители од одбранбената индустрија, а во 2021 година и официјално го доби кодот на НАТО за производство на на НАТО за производство на муниција“, рече Ковачевски.

Буџетот на Министерството за одбрана расте, од 1,85% од БДП, односно 274 милиони евра за оваа година следната година ќе се достигне минимумот од 2 проценти од БДП за одбрана кој беше договорен на НАТО Самитот во Вилнус.

„За модернизација и опремување одвоивме над 30 отсто од буџетот за одбрана и со тоа го надминавме минималниот праг на НАТО, најмалку 20% од буџетот за одбрана да биде наменет за оваа цел. А, таквата тенденција планираме да ја задржиме и следната година. Во овие тешки времиња кои од нас бараат да се потпреме врз сопствените капацитети, од пресудно значење е домашното производство на стоки и услуги во одбранбени цели. Република Северна Македонија е високо ценет сојузник на НАТО Алијансата“, изјави Ковачевски.

д

Според Ковачевски, нашата земја е очекуван рамноправен партнер и на европската маса.

Фабриката кај Македонски Брод е почитувана од членките на НАТО, рече министерата за одбрана.

„Во моментов, оваа компанија произведува 120 милиони парчиња муниција, а следната година ќе го зголеми производството и ќе достигне 250 милиони парчиња муниција со што ќе биде една од најголемите, ако не и најголема компанија од ваков калибар во Југоисточна Европа. Вреди секоја поддршка која и Министерството за одбрана и Владата, преку начините на поддршка, им ја дава и на оваа компанија, но и на другите компании од воената индустрија. Во наредниот период, преку некои активности кои ги договоривме, ќе најдеме начин како таа поддршка  да биде уште поголема за да може да го гарантираме нивното производство и да им помогнеме понатаму во она што го прават“, рече Петровска.

Петровска нагласи дека во моментов се регулира правната процедура за донацијата на Северна Македонија од 40 камиони и 36 теренски возила.

д

„Тенковите ги исфрливме од употреба и се концентрираме на модерни возила. Дел дадовме, знаете како донација на Украина минатата година. Една од причините е зашто согласно со плановите за трансформација и модернизација на македонската Армија, тие веќе не се во употреба зашто во согласност со стандардите и со исполнувањето на НАТО-целите за способноста на македонската армија, се работи за технологија која веќе е застарена и работиме да ја замениме со соодветни возила кои ќе пристигнат“, изјави Петровска.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ги повика македонските компании да го адаптираа производството согласно стандардите на НАТО.

„Би сакал да ги повикам домашните компании да го следат примерот на АТС АММО, да се охрабрат и да ги реструктуираат своите произвдствени процеси , односно своите процеси да ги усоглаат со највисоките стандарди на НАТО-Алијансата што е услов за учество во тендерските постапки. Ова бара технолошко унапредување, но затоа компаниите не се оставени сами. Во оваа насока ќе го споменам Законот за финансиска поддршка на инвестиции како можност која ја создадовме за домашните копмании за да бидат поддржани токму во делот за инвестициите и технолошкото унапредување на производството, посебно за истражувањето и за развојот  каде финансиската поддршка изнесува 50 проценти од прифатливите трошоци, како и поддршка во делот на извозот“, изјави Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ