четврток, 24 октомври 2024

Македонската компанија за трговија со струја РЕС ќе биде преземена од бугарската Кер токи пауер

Кер токи пауер, бугарска компанија, ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

Објавено на

часот

Сподели

КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.

„Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која Кер токи пауер АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕС ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Кер токи пауер од Софија и сега е еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ инвест која е во сопственост на Кочо Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.

Основачи на РЕС се компаниите Централ инвест од Македонија и Токи од Бугарија. РЕС заедно со бугарската компанија се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и на бугарскиот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ