Според грчките медиуми „Цантали“ е меѓу најголемите извозници на вино во Грција со присуство во 50 земји во светот. Но, винарската визба го прекинала производството уште лани во август, а годинава за прв пат во својата историја, грозјето не било собрано.
„Цанталис“ во последно време се соочува со сериозни проблеми и е во потрага по инвеститор. Обврските на компанијата надминуваат 65 милиони евра, долг кон пет банки, кон буџетот, осигурителни фондови и кон вработените. Во последните години прометот континуирано паѓа, а долговите се зголемуваат.
Седиштето на „Цантали“ е во селото Агиос Павлос на полуостровот Халкидики и има лозја на повеќе локации во Северна Грција – Маронија, Халкидики, Рапсани и Науса.
А.Д.