Извори на МИА ги потврдуваат написите во грчките медиуми дека во сообраќајната несреќа учествувало возило од Македонија, а заганинатата е македонска државјанка.
Според истите извори, возилото се движењело по автопатот Егнатиа накај Солун, а тргнало од Битола.
За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.
Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.