недела, 21 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Македонизмот ќе се изедначи со национализам

Трите книги од автобиографската „Трилогија на вознесот“ се необични романи – во нив се проткаени, од една страна,  животните приказни на неколкумина Македонци, но, од друга страна, и копнежите и заблудите на Божин, поврзани со македонското прашање. Впрочем, „Трилогијата на вознесот“, 24-те романа, расказите, трите тома записи и колумни и делото „Македонците отаде Екваторот” сведочат за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците.

Македонија треба да чекори по европскиот пат – тој пат нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата, но, на тој пат, ние треба да чекориме само како Македонци. Никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш, за жал, таа не направила толку многу штета како денес. Никогаш не научивме како да се откажеме од надежта, па затоа, денес, згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитетот, државата. Всушност, неподготвеноста да се соочиме со реалноста и желбата пред фактите „да се избега во рајот на некоја будала со цврсти идеолошки убедувања“, нѐ доведоа таму каде што сме денес. За Хана Арент, надежта ги прави луѓето беспомошни и ги спречува да дејствуваат храбро. Па така, заради надежта за полноправно членство во ЕУ дозволивме да се избришат Македонците во Егејот и во Пиринска Македонија, дозволивме бесмислени реформи и дивеења на владејачката елита.

Иво Андриќ напиша: „Да се зарази некој со чекање, тоа е најсигурниот начин да се владее со него, тоа значи тој да се направи неподвижен и безопасен, целосно и засекогаш; оваа измама на чекање е потешка од секој затвор и посилна од најсилните окови, бидејќи, со многу среќа и вештина, човек од затвор може да побегне, од окови да се ослободи, но од тие измами (!) – никогаш ни довека“. 

Договорите со Грција и со Бугарија се две страни од една иста паричка, и тие здружно и во синергија водат до исчезнување на Македонците. Во романот „Процес“, Франц Кафка пишува за бруталниот и ирационален судски систем што го прогонува Јозеф К.: „К. сега точно знаеше дека неговата должност би била сам да го дофати тој нож, додека минуваше од рака во рака, лебдеше над него и сам со него да се прободе“.  

Доаѓаат бурни времиња, секој од нас ќе „мине низ сито и решето,  горчливиот живот ќе го узнае“, македонизмот ќе се изедначи со национализам и со безизлезност, додека, пак, разноразни домашни и странски душегрижници ќе нѐ убедуваат самите себеси да се понижиме, да се разнебитиме, да се прободеме, ќе нѐ убедуваат, по заборавот на првото знаме на македонската независна држава и името на државата, дека сега е време да се откажеме и од македонскиот јазик и од македонската историја.

Посочувајќи дека излезот од оваа состојба е одлучно да се каже „НЕ“ на планираните и предложени уставни измени, на Божина му посакувам да продолжи уште многу години да ја пишува историјата на македонската книжевност со нови литературни творби, со нови книжевни записи, а на Македонците им порачувам, парафразирајќи го Раде Силјан, да ги „чуваат тапиите од лозјата и од нивите“.

                                                                                                                                                     Љупчо Коцарев

                             (Од промоцијата на третата книга со наслов Прости му на Ѕверот“ од автобиографската                                            „Трилогија на вознесот“ на академик Божин Павловски – писател, интелектуалец, патешественик,                              вљубеник во Македонија, визионер и ерудит во издание на МАНУ и издавачката куќа „Матица                                   македонска“.)

КОЛУМНИ

Шанг-Јин Веи

Дaли обидот за атентат ќе му донесе победа на Трамп?

Ристо Цицонков

Кaков систем за климатизација да се одбере?

Бојана Јовановска

До каде сме со (анти)родовите политики?

Рајко Пеколски

За дупките

Димитар Љоровски Вамваковски

Појавата на македонскиот протонационализам: Патот кон создавање на македонската национална посебност

Бранко Азески

Азески и Мицкоски со директна поддршка за компаниите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ