Македонските репрезентативци утринава почнаа да се собираат, а вечерва го имаа и првиот тренинг. И за утре е предвиден еден тренинг по што ќе одлетаат кон Летонија.
Мечот против Летонија го играме во четврток, а три дена подоцна ѝ гостуваме на Ерменија.
Покрај овие две репрезентации во нашата група од Лигата на нации е и селекцијата на Фарски Острови. Целта е да го задржиме првото место на кое се наоѓаме по две одиграни кола.