До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат, а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност“, информираат од ЦУК.
Оттаму уште соопштија дека до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигнало барање за помош на Словенија со тешка механизација (булдожери, багери и друга механизација.
Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работел на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица.