петок, 15 ноември 2024

Македонија има 2.000 диви депонии, се чека на изградбата на регионалните депонии

Во последниот Национален план за управување со отпад пишува дека во Македонија има повеќе од 2.000 нелегални депонии и 54 нестандардни депонии. Паралелно со ова, не почнува изградбата на пете планирани регионални современи депонии за кои е одобрен грант од Европскат Унија и заем од Европската банка за обнова и развој.

Објавено на

часот

Сподели

Главната пречка за ова е отпорот на локалното население и недовербата на жителите во општините каде што се планирани депониите.

Од граѓанската организација „Го Грин“ предупредуваат дека проектите доцнат и дека државата треба активно да инвестира за да ја добие довербата на граѓаните.

„Локалното население нема доверба дека депониите ќе бидат изградени по стандарди и без негативни влијанија врз животната средина. Важно е да им се покаже на луѓето дека овие проекти ќе донесат придобивки за нив,“ велат тие.

Во 2006 година е донесен Законот за управување со отпад со кој се поставени стандардите за изградба на регионални депонии и модерно управување со отпадот. Во 2010 година беше подготвена рамка за изградба на пет современи депонии во различни региони, но ниту една од нив сè уште не е започната. Од 2012 почна изработката на првите документи и планови. Од Министерството за животна средина најавуваат дека градежните работи ќе почнат кон крајот на 2025 година.

Планирано е во Русино да биде изградена регионална депонија за Полошкиот регион, Дрисла да биде за Скопски регион, Новаци за Југазападен и Пелагониски регион, Добрешинци за Југоисточен и Врадарски регион и Свети Николе за Источен и Североисточен регион.

Од ЕУ предупредуваат дека финансирањето може да биде одземено ако навреме не се почне со изградбата.

Рокот за изградба на депонијата во Свети Николе е 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ