недела, 20 октомври 2024

Македонија и во иднина ќе го поместува часовникот според одлуките на Европската комисија

Летното сметање на времето завршува во недела во 3:00 часот по полноќ кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека Македонија има најголема економска и друга соработка со земјите од ЕУ и дека поради тоа и во иднина своите одлуки за сметањето на времето ќе ги носи соред одлуките на Европската комисија.

Објавено на

часот

Сподели

„ Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската Унија имајќи предвид дека нашата најголема економска соработка, над 75 отсто е со членките на Европската Унија. Каква одлука ќе се донесе во Европската комисија, тоа ќе се преслика и во нашата држава“, рече денеска Бектеши на новинарско прашање.

Не се направени конкретни анализи, рече Бектеши и додаде дека според предлозите што ги подготвила работната група што беше формирана пред една година, треба да се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ