Македонија и Естонија одиграа исклучително ефикасен натпревар, паднаа дури 70 голови, а гостите ни пружија многу посилен отпор отколку што очекувавме.
Момците на Кире Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведовме со 4-1 и ништо не наговестуваше неизвесност, но како што одминуваше времето Естонија играше се подобро и на полувремето се замина со нерешени 20-20.
Во еден момент од второто полувреме Естонија поведе и со два гола разлика, беше 24-26. Но кога се решаваше победникот, македонските ракометари го покажаа вистинското лице, направија серија од 6-1, се одалечија доволно и на крајот славеа со 37-33.
Серафимов со десет голови беше најефикасен во македонската репрезентација, Митев и Кузмановски постигнаа по седум. Во составот на Естонија Карл Тум даде 11 голови.
Следниот натпревар на Македонија е на 10 ноември кога гостуваме кај Литванија.