понеделник, 28 октомври 2024

Македонец доби пријава откако на автопатот Белград-Ниш возел во спротивна насока

Сообраќајната полиција на автопатот Белград-Ниш, кај Гроцка, сопрела возило марка Фолксваген голф, кое го управувал 49-годишен државјанин на Македонија по коловозната лента наменета за сообраќај само во еден правец. Македонeцот возел спротивно од тој правец. 

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници на Управата на сообраќајната полиција, кои со пресретнувачи го контролираат сообраќајот, синоќа го запреле возилото на автопатот“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, а пренесе дописникот на МИА од Белград. 

Против Македонецот е поднесена прекршочна пријава, соопшти тамошната полицијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ