вторник, 22 октомври 2024

Македонците од Албанија и Србија започнаа со чествување на 120 години Илинден

Објавено на

часот

Сподели

Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина,  по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18 часот ќе се одржи свечена академија.

„Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец,  во 18 часот,  на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа“, рече Стерјовски.

Општонароден собир ќе биде одржан на  плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.

Во предвечерието на македонскиот национален празник – Илинден 2 Aвгуст, честитка до сите Македонци, каде и да се, упати македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

„Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија“, пишува во честитката.

Во неа се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои, како што се вели, со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

„Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Друштвото со текстот објавува фотографија  од  одбележувањето на Илинден во Тирана од страна на Македонците во 1937 година.

м

Македонците во Србија во градот Ниш денеска со прием и пригодна свеченост почнаа да го одбележуваат 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој во Србија е и национален празник на македонското малцинство.

Македонското здружение „Вардар“ од Ниш, кој го организира приемот и одбележувањето на Илинден, ова го прави веќе 20 години, за пријателите на здужението и на Македонците во општината Ниш, за градската и локалната управа на Ниш, останатите малцинства, боречката организација, со цел потсетување на најголемиот македонски национален празник – 120 години од Крушевската република, 79 години од АСНОМ и основањето на првата македонска држава на овие простори, изјави Благоја Илиевски, основач на Здружението „Вардар“ од Ниш.

м

„За нас Македонците тоа е нешто најголемо што може да биде на овој свет. Тоа е најголем празник во сите сегменти на животот на Македонците, кај и да се, дали во Македонија, дали во Србија или во дијаспората низ цел свет“, изјави Илиевски.

На денешното одбележување на Илинден во Ниш, покрај македонската заедница во овој град, присуствуваа и претставници од нишките општини и градската управа, СУБНОР, здруженија од другите малцинства во Србија и в.д. македонската амбасадорка во Србија  Михаела Веселинов.

м

Утре, на 2 Август, како што најавија од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој ќе има работна посета на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде ќе го пречека претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели ќе одржат билатерална средба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ