недела, 20 октомври 2024

Лукашенко: Русија веќе ја оствари главната цел во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Украина никогаш нема да биде така агресивна кон Русија по завршувањето на оваа војна, како што беше претходно. Украина ќе биде поинаква. Луѓето на власт таму ќе бидат повнимателни, попаметни, поитри ако сакате“, ѝ кажа Лукашенко на украинската новинарка Дијана Панченко за време на двочасовното интервју.

Според него, Белорусија секогаш ќе ѝ помага на Русија, но не планира да се вклучува во актуелниот конфликт во Украина, доколку првично не биде нападната и доколку Украинците не ја поминат границата со Белорусија.

Тој истакна и дека Минск е спремен да одговори и да се одбрани, без оглед на тоа дали заканата ќе дојде од Украина, Полска или балтичките земји.

Лукашенко воедно додаде дека смета дека било возможно да се избегне конфликтот во Украина, и дека мисли и дека тоа е можно и сега. Во разговорот со украинската новинарка, Лукашенко објасни дека смета дека Киев ја пропуштил шансата да ја спречи војната, и дека сегашниот претседател на Украина Володимир Зеленски не се снашол поради своето политичко неискуство кога дошол на власт, поради што врз него Западот, пред сè САД, успешно извршил притисок.

„Секогаш ќе ѝ помагаме на Русија, тоа се наши сојузници. Вие знаете дека вам ви помагаат 55 земји, а на Русија така отворено ѝ помага само Белорусија“, истакна тој.

Лукашенко ја искоментира ситуацијата околу Крим и кажа дека претседателот на Русија Владимир Путин никогаш не инсистирал Минск да признае дека тоа е руска територија, како што не се мешал ни во тоа каков ќе биде ставот на Минск околу Абхазија.

Одговарајќи на прашањето за тоа дали рускиот лидер е загрижен поради актуелната ситуација, Лукашенко одговори дека како еден „целосно нормален и искусен човек“ Путин е загрижен бидејќи ситуацијата е тешка.

Сепак, иако Русија е заинтересирана да се најде решение за конфликтот, САД, како што оцени, несе, поради што Вашингтон го храни егото на Зеленски, влијаејќи конфликтот да продолжи.

Лукашенко ја искористи приликата лично да му се обрати на украинскиот претседател, и во интервјуто за украинските медиуми му порача дека раководството на Украина треба да направи сè за да се сопре конфликтот.

„Би му кажал: Владимире, имаш војна во земјата, во твојата земја. Потребно е да се направи сè за да не биде уште полоши. Што се случило, се случило. За тоа треба да одговараат оние кои се виновни. Но, сега треба да се сопре сè. Неопходно е да се сопре негативниот развој на настаните. А негативно ќе биде пред сè за Украина“, кажа белорускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ