петок, 18 октомври 2024

Лукашенко: Русија го заврши трансферот на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во понеделникот во Санкт Петербург изјави дека Русија ги завршила сите испораки на тактичко нуклеарно оружје во неговата земја, а оваа акција предизвика сериозна загриженост во соседна Полска и другите околни земји.

Објавено на

часот

Сподели

На економскиот самит на земјите собрани околу Русија, Лукашенко рече дека испораките биле завршени во октомври, но не прецизираше колку нуклеарни боеви глави биле префрлени од Русија во Белорусија или каде се распоредени.

За разлика од стратешкото нуклеарно оружје, кое е термонуклеарно, претежно поставено на интерконтинентални балистички ракети и може да срамни цели градови и пошироки области околу нив, тактичкото оружје е класично атомско, има значително помала моќ и е наменето за употреба на бојното поле.

Сепак, тоа, како и термонуклеарното (водородно) оружје, произведува радијација што не познава граници меѓу земјите.

Русија долго време вели дека ќе ја задржи контролата врз тактичкото оружје во Белорусија.

Лукашенко изјави дека целта на распоредувањето на ова оружје е да се одврати можна агресија на Полска, членка на НАТО, против Белорусија.

Полска ја снабдува Украина, својот сосед и сосед на Белорусија, со оружје, хуманитарна помош и политичка поддршка откако земјата беше воено нападната од Русија на 24 февруари 2022 година која окупираше значителен дел од нејзината територија. Полска исто така ги поддржува меѓународните санкции наметнати на Москва поради нејзината војна против Украина.

Инвазијата на Украина беше изведена делумно од територијата на Белорусија, каде Русија има стационирани војници. Сепак, не е утврдено дека белоруската војска учествувала во нападот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ